Во рамките на поединечната активност Подобрување на економската положба на жената, составен дел од Програмата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Струмица и финансиски поддржана од истата програма за 2024 година а имплементирана од страна на Здружението Совет за промоција и развој на женско претприемништво од Струмица, на ден 10.06.2025 година се објавува:
Јавен повик за Финансиска поддршка на 10 (десет) новоформирани фирми од страна на жени претприемачки за плаќање на комунална такса за фирма
Здружението Совет за промоција и развој на женско претприемништво преку овој Јавен повик има за цел да даде поддршка на жени предприемачки, особено млади жени и жени од руралните средини кои се во процедура да основаат свои сопствени бизниси, старт апи (фонд за финансиска поддршка за покривање на административни финансиски трошоци за регистрација на фирмарин – ослободување од комунална такса).
Право на аплицирање на Јавниот повик имаат сите новоформирани фирми од страна на жени претприемачки, кои се жителки на Општина Струмица и ја основале фирмата на територија на општина Струмица.
Потребни документи за исплаќање на финансиска поддршка е достава на Решение издадено од Градоначалник на Општина Струмица врз основа на член 11 став 1 и член 20 тарифен број 1 од Законот за комунални такси (Сл.верник на РСМ бр.61/04, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15, 23/16).
Финансиската поддршка во вредност од 6.000,00 денари ќе биде исплатена на трансакциска сметка на новоформираната фирма и истата ќе послужи да биде платена сумата наведена во Решението издадено од Градоначалникот на Општина Струмица.
Со овој Јавен повик опфатени се 10 (десет) нови фирми основани од жени претприемачки и исплатата ќе се врши по теркот прв дојден прв услужен.
Јавниот повик ќе трае се до исполнување на бројот на предвидените средства.